Никогаш не вперувајте го прстот кон децата: „Умен поткаст“ со Тамара Ќупева

Никогаш не вперувајте го прстот кон децата. Тие не се виновни за општеството што им го создадовме, вели д-р Тамара Ќупева, научен соработник во Институтот за македонска литература во Скопје. Таа 26 години предаваше македонски јазик во скопската гимназија „Орце Николов“ и многумина и денес ја паметат како омилената професорка.

– Низ моето искуство сум се соочила и со родители кои живеат како низ магла, не можат да ја прифатат одговорноста дека со детето треба да се работи. Ама, кога велиме дека треба да се работи, тоа се прави во првите години. Вие на 16 години имате веќе готов производ – вели таа.

Како се менуваат генерациите низ годините, со какви трауми се соочуваат младите денес, колкаво е влијанието на социјалните медиуми во нивниот живот, колку го владеат македонскиот јазик, зошто е важно наставникот да инспирира…

Тамара Ќупева е гостинка во #18. епизода на „Умен поткаст“. Гледајте ја премиерата утрово во 9 часот на Јутјуб каналот 101PodcastStudio.

Сподели