Next to Silence утревечер ќе свири нова песни

Македонскиот џез состав Next to Silence подготви нови песни, кои утревечер во 21 часот ќе ги отсвири во кафулето Old School во Скопје. Овој редок бенд кај нас со исклучителна музика наскоро планира да сними нов албум, а настапот би бил прво јавно слушање на новиот материјал.

Next to Silence е џез состав кој функционира повеќе години и сочинет е од членови кои долго соработуваат со разни музички формации. Групата претпочита специфичен џез израз кој не се вклопува во конкретни категории и истовремено комуницира со духовни и саркастични елементи. Составот Next to Silence го сочинуваат: Кирил Кузмановски (саксософон), Ади Имери (гитара), Филип Димишковски (клавијатури), Драган Стојковски (бас гитара) и Гоце Наумов (барабани).

Сподели