Филмот ,,Нешто слатко” изненади целосно и понуди исклучително добра комедија за која е веќе јасно дека ќе стане вистински хит. Нуди сè што се очекува од една комедија истовремено, па амбициозно посегнува по ласкави ловорики, објави словенечкиот сајт „Филмологија“. Хуморот во филмот „Нешто слатко“ е навистина исклучително добар и смешен, вели авторот Жига Шпиле
Ви ја пренесуваме целосната рецензија на филмот во кој коавтори и копродуценти се Сашко Коцев и Јелена Јованова.
Филмот ескалира од минута во минута, приказната и ликовите одлично се развиваат и заедно се поврзуваат во една исклучително интересна целина. Користен е секаков вид хумор најмногу, па пецкаат оние шеги во кои гледаме ситуациска, вербална и лична комедија заедно. На моменти сите елементи се толку добро поврзани, што успеваат да ги насмеат и тие најмрзливите што обично секогаш бараат влакно во јајцето. Хуморот на моменти е и малку храбар, ама сеедно со почит, затоа сигурно ќе бидете позитивно изненадени од шегите, дури и ако имате високи очекувања пред да го гледате филмот.
Екипата направи извонредна работа (одлично дело) и тоа и го докажа на цела Словенија. Можат да се натпревруваат со кој било и едвај чекаме да ги видиме нивните следни проекти. Со „Нешто слатко“ направија навистина еден неверојатен филм кој е гледлив и добар во секој поглед. Дури и техниката што обично не е неопходно кај режисерите дебитанти. Филмот е многу динамичен, а глумата одлична. Во филмот има малку приказни, но сепак е интересен. Најмногу потсетува на старите француски класики каде има малку приказна, но тоа е причина за најдобро да се прикаже хуморот.
Филмот сам по себе е многу забавен, кога во него играат толку добри ликови добиваме незаборавни моменти полни со смеа и хумор. Ликовите го носат целиот филм. Исклучително добро, совршено прилегаат на филмот. Во филмот секој од нив е со причина, а нивниот придонес е апсолутно непроценлив. Го прикажуваат веќе докажани „фаци“ кои ги среќаваме на словенечката и балканската стендап-сцена, односно глума. Секој во филмот остава по некој дел од себе и од вселената се гледа колку креаторите се поврзани и колку труд вложиле во фимот.
Имено, филмот не доби никакво јавно финансирање. Креативците на чело со Тин Водопивец си ја зедоа судбината во свои раце и заедно со помош на заедницата го издадоа филмот. Филмот е финансиран преку платформа за групно финансирање. Затоа одговорноста е незамисливо голема (особено за словенечки размери), но за среќа филмот во секој поглед ги задоволува и најпребирливите им нуди филм каков што не би можеле да си замислат. Можеби на некој ќе му пречи што јазикот во филмот е речиси целосно српско-хрватски. Ако некому му смета, тогаш ја утнал суштината и поентата на филмот. Филмот обединува и поврзува со хуморот. И тоа навистина добро го прави, така што останатите противаргументи се смешни, ако не и глупави.
Покрај горенаведеното филмот има и голема количина на критики, кој поради својот хумор комуницира малку насочено, дали е намерно или не можеби е подобро да остане тајна. На креаторите им успеа да им ја фрлат ракавицата на сите маркетинг „експерти“ кои во филмот се претставени на крајно претеран, но сепак многу реален начин. Кој доживеал работа на највисоко ниво, лесно ќе може да ја препознае ситуацијата, или пак бил кој колега, колешка.
Со филмот креаторите го скинаа Гордиевиот јазол на стереотипи за словенечки филм, и докажаа дека со заеднички сили може да успеат во сè. Со напорно дело направија комедија која по наше мислење зазема суверено место меѓу словенечките класики.
Комедијата е достапна за секого, па се надеваме дека ќе го надградите вашето слободно време со едно одлично филмско искуство во најблиското кино, со тоа ќе ги наградите и авторите за нивниот труд. Тие и тоа како го заслужуваат.





