Ненад Георгиевски и Мишко Иванов добитници на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Ненад Георгиевски и Мијалче-Мишко Иванов се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Македонија. Наградата за остварување во публицистиката му е доделена на новинарот и публицист Ненад Георгиевски, а Мијалче Иванов е добитник на наградата за остварување во областа на новинарството.

Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ е Зоран Бојаровски.

Наградата ќе им биде врачена на 21 декември во 12 часот, во свечената сала на македонското Собрание.

Сподели