Нема слобода без слободни жени! (Галерија)

„Смртен 8. Март драги дами“, „Џабе Осмомартовски рози, кога жени секојдневно пролеваат солзи!“, „Здраво, колку букети во е животов?“, „Сите за една, една за сите“ се дел од пораките што денеска беа упатени на маршот што се одржа по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Маршот се одржа под слоганот „Нема да нè снема“, а почна со едноминутен молк во спомен на жртвите во трагедијата во скопската населба Тафталиџе во која мајка и нејзината шестгодишна ќерка, жртви на семејно насилство, ги загубија животите.

Стотици граѓани маршираа од паркот „Жена борец“, преку Рекорд, до Владата и завршија пред постаментот на македонската партизанка Вера Јоциќ, чија биста беше украдена пред неколку месеци.

Фото: Маја Јаневска-Илиева / Преземено од ppj.mk

Сподели