Против осуммина граѓани на Македонија е поднесена кривична пријава за нелегална трговија со културно наследство. Тие соработувале и со лица во Грција, Албанија и Хрватска каде биле продавани и изнесувани археолошки предмети, природни реткости и благородни метали, соопшти Министервството за внатрешни работи.
– Ги пронаоѓале предметите и посредувале при продажба и изнесување во странство на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости пронајдени од други лица – соопшти МВР.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР од Битола и од Тетово под раководство на надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување спровел координирана полициска акција. Осумчлената организирана криминална група подолго време вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со културни добра.

Кривични пријави под различни основи денеска ќе бидат поднесени против: К.Т. (71), Д. Р. (60), З.Т. (48), Н.Л. (43), С.К. (63), Ѓ. П. (65), П.М. (48) од Битола и Б.К. (53) од Тетово. Кај некои од осомниченитре е пронајдено и нелегално оружје.
– Од мај 2020 К.Т. и Д.Р. присвојувале и изнесување во странство предмети што претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, создале злосторничко здружение во кое како членови, континуирано или повремено, партиципирале останатите шестмина приведени. Денеска се извршени претреси во дом и други простории на вкупно 10 локации, а под слобода се лишени и приведени осумте лица. Пронајдени се и одземени метал детектори, стари монети, повеќе археолошки предмети во разни форми и димензии од метал, камен и глина, недатирана виолина, скици, мапи, возило, лап-топ компјутер, мобилни телефони, две ловни пушки со патрони, пиштол и други предмети – соопшти МВР.

Фото: Министерство за внатрешни работи

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.