Во кампусот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје од денеска до среда ќе се одржи „недела за ориентација“. Студентите на ФИНКИ ќе имаат можност да бидат дел од 10 предавања за различни делови од студентскиот живот – осврт на предмети на факултетот и нивна примена во реалниот свет, сесии за совети за како новите студенти да се прилагодат на студентскиот живот, дискусии за пракси и професионални можности и актуелни дискусии од светот на технологијата. Сесиите и предавањата ќе бидат водени од страна на професори, асистенти, студенти и алумни.
– Замислата, организацијата и импленетацијата на настаните е целосно предводена од студенти. Иницијативата е поддржана и овозможена од тимот на Факултетското студентско собрание на ФИНКИ. Ориентационата недела е битен настан што не бил воведен претходно како концепт на факултетите во нашата држава и ќе придонесе подобра интеграција на новите студенти на истите – вели Александар Ристоски, член на ФСС на ФИНКИ.