Недела на шпанскиот филм во Битола

Со комедијата „Шампиони“ на режија на Хавиер Фесер, вечерва во 20 часот ќе биде отворена Неделата на шпанскиот филм во малата сала на Центарот за култура во Битола. До 1 декември ќе бидат прикажани седум наслови од поновата шпанска продукција. Ќе бидат прикажани: Ќе дојде огнот, Темносино скоро црно, Ај, Кармела, Тајната во нивните очи, Црни дијаманти и Лесно е да се живее во нивните очи.

Филмот „Шампиони“ е продуциран во 2018 година. Тој беше номиниран во 11 категории за наградите „Гоја“, а освои три награди – за најдобар филм, актерско откритие и песна. Истата година, за „Ариел“ наградите беше номиниран за најдобар ибероамерикански филм, а за Feroz Awards од четири номинации беше прогласен за најдобра комедија. Во рамки на Forqué Awards истата 2018 година беше носител на наградата за најдобар филм и филмска награда за образование во вредности, а во 2019 година беше во конкуренција во пет кагегории за Платинум награди, а ја освои за кино и образование во вредности.

Според содржина, Марко, професионален кошаркарски тренер, еден ден се наоѓа себеси, среде лична криза, како тренира тим составен од луѓе со интелектуална попреченост. Она што започнува како проблем, завршува како животна лекција.

Влезот на проекциите е бесплатен.

 

Сподели