Во Центар за култура Битола од денеска до 28 октомври ќе се одржи филмскиот циклус „Недела на шпански филм“ во чии рамки ќе бидат прикажани седум филмови. Проекциите почнуваат вечерва во 20 часот со „Омега“- музички документарец за албум со песни во кои се испреплетени панк-рок музиката на шпанскиот бенд „Лагартија Ник“, стиховите и музиката на Леонард Коен (1934-2016), стиховите на Федерико Гарсија Лорка (1899-1936), трагичниот поет и јунак на Шпанската граѓанска војна, со гласот на легендата на фламенкото, Енрике Моренте (1942-2010).

Неделата на шпанскиот филм се организира во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава и Кинотека на Македонија. Ќе бидат прикажани и: Духот на пчелната кошница, Девет писма за Берта, Национално наследство, Ракетата од Калабуч, Матахарис, Невините светци.

Влезот за сите проекции е бесплатен, а ќе се реализираат во согласнот со мерките за ковид-19.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.