„Не под тепих“ – кажете си ја маката поради корупција

„Не под тепих“ е насловот на урбаната акција која денеска беше спроведена во Скопје, на кејот на Вардар. Граѓаните имаа можност да изберат случај на корупција со кој се соочиле во животот, да го извадат од под тепих и да го прикажат пред јавноста.

– Поттикнати од постојаните апели на Државната комисија за спречување корупција, која со месеци и години чека другите државни институции да одговорат на нејзините иницијативи, денеска се обидовме со урбана акција на симболичен начин да им дадеме поддршка и да ги извадиме случаите од под тепих – велат активистите од #kreativnaantikoprupcija.

Тие образложуваат дека веќе 30 години крупни корупциски случаи, но и безброј секојдневни проблеми на граѓаните, секојдневно се ставаат под тепих.

– Ве повикуваме денеска да го прекинеме овој обичај. Барем симболично, да ги извадиме случаите од под тепих. Земете го вашиот „Случај“ и ставете го над тепихот. Напишете кој случај прв треба да се извади од под тепих, напишете го вашиот случај – маката која ја имате поради корупција, или едноставно ставете празен лист, барем како потсетување повеќе дека проблемите веќе не смеат да се пикаат под тепих – велат активистите.

Сподели