Американската академија за филмски уметности и науки ги објави номинациите за својата 95-та церемонија на доделување награди. Независниот научно-фантастичен хит „Сè секаде одеднаш“ (Everything Everywhere All At Once) доби најмногу – 11 номинации. Наградите ќе се доделуваат на 13 март во Лос Анџелес.

Покрај него, номинација за најдобар филм добија и „Тажачките од Инишерин“, „На Западот ништо ново“, „Аватар: Патот на водата“, „Елвис“, „Фејбелменови“, „Тар“, „Топ ган: Маверик“, „Триаголник на тагата“ и „Жени зборуваат“.

Кејт Бланшет („Тар“), Ана де Армас („Русокоса“), Андреа Рајсборо („За Лесли“), Мишел Вилијамс („Фејбелменови“) и Мишел Јео („Сè секаде одеднаш“) се номинирани за најдобра актерка, а за Оскарот за најдобар актер ќе се борат Остин Батлер („Елвис“), Колин Фарел („Тажачките од Инишерин“), Брендан Фрејзер („Кит“), Пол Мескал („Aftersun“) и Бил Нај („Живеење“).

За најдобар режисер конкурираат Мартин Мекдона за „Тажачките од Инишерин“, Даниел Кван и Даниел Шајнерт за „Сè секаде одеднаш“, Стивен Спилберг за „Фејбелменови“, Тод Филд за „Тар“ и Рубен Естлунд за „Триаголник на тагата“.

За најдобра споредна женска улога номинирани се: Анџела Басет („Блек Пантер: Ваканда засекогаш“), Хонг Чау („Кит“), Кери Кондон („Тажачките од Инишерин“), Џејми Ли Кертис и Стефани Хсу („Сè секаде одеднаш“), а кај мажите Брендан Глисон, Бери Кјоуген („Тажачките од Инишерин“), Брајан Тајри Хенри („Causeaway“), Џуд Хирш („Фабелманови“) и Ке Хуј Кван („Сè секаде одеднаш“).

Во конкуренција за најдобар странски филм се „На Западот ништо ново“ (Германија), „Аргентина, 1985“ (Аргентина), „Блиску“ (Белгија), „Тивката девојка“ (Ирска) и „ЕО“ (Полска).

Еве ја листата на сите номинации.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.