„Сите бои на печатените книги“ беше насловена работилницата што се одржа на 34. Саем на книга во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Првоодделенци од скопското училите „Мирче Ацев“ учеа за мешањето и добивањето на боите во книгите, гледаа точки боја под лупа, преклопуваа фолии со испечатена слика во по една боја за да ја добијат сликата во сите бои, боеја со CMYK фломастери и еуфорично се забавуваа со интерактивната сликовница во која точките бои прават лудории.

Драгана Стикова (во средина)

– Среќни што децата 60 минути заинтересирано слушаа, прашуваа и учеа – вели Драгана Стикова која ја водеше работилницата.
На саемот се одржаа две работилници, а ги организираше платформата „Наука за деца“, која е дел од Фондацијата за наука, култура и ментална фискултура „Кантарот“.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.