Жирито во состав: Звездана Ангеловска, претседател, Бајруш Мјаку и Александар Милосављевиќ, членови, денеска ги додели наградите на најдобрите театарски уметници за нивните остварувања во последните две сезони. Наградата за уметничко остварување на претстава во целина ја доби Народниот театар од Битола со „И коњите ги убиваат, зар не?“ во режија на Мартин Кочовски. Жирито одлучи посебно признание или награда за севкупен уметнички ангажман и резултат на авторот и актерите да и додели на „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ на Драмски театар.

Ова се останатите награди:

  1. Награда за рекламен материјал

Борче Димитријоски, за претставата „Едвард Раце ножици“, на Театар за деца и младинци – Скопје

  1. Награда за кореографија и сценски движења

Игор Киров за „Едип коментари“, во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип

  1. Награда за музика

„Фолтин“ за „И коњите ги убиваат, зар не?“, Народен театар Битола

  1. Награда за костимографија

Роза Трајчевска-Ристоска за „Мојот маж“, Драмски театар Скопје

  1. Награда за сценографија

Ивана Кнез, Театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп

  1. Награда за современа сценска драматизација

Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова за „Мојот маж“

  1. Награда за текст не се доделува
  2. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“

Исидор Јованоски за Глембај во „Глембаеви“ на „Војдан Чернодрински“ Прилеп.

  1. Награда за млада актерка

Сабина Мемиши за Олга во претставата „Мурлин Мурло“, Албански театар – Скопје

  1. Награда за женска епизодна улога

Гентиана Рамадани за улогата Ина вопретставата „Мурлин Мурло“ на Албански театар – Скопје,

  1. Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“

Горан Стојаноски за улогата Силвестер во претставата „Крик за љубов“

Народен театар – Охрид,

  1. Награда за главна машка улога

Јордан Симонов за улогата на Филип во претставата „Мој термин“, на МНТ

  1. Награда за главна женска

Наталија Теодосиева за неколкуте ликови во „Мојот маж“

  1. Награда за режија

Мартин Кочовски за претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“

 

 

 

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.