Наставникот Иле Михајловски од Свети Николе и оваа година организираше хуманитарна акција и подели новогодишни пакетчиња, подароци и честитки на деца од семејства од ранливи категории. Со донации од хумани поединци и општествено одговорни компании, поделени се вкупно 412 новогодишни пакетчиња, 20 кутии кондиторски производи од „Лион Свети Николе“ и околу 100 новогодишни честитки во Караванот на детски насмевки. Радост се сподели на 456 деца во Свети Николе и државата.
– Помагањето на децата отсекогаш било моја желба, особено на децата со посебни потреби, децата без родителска грижа и децата од социјален ризик. И како човек, но и како наставник особено важно е каков пример даваш во заедницата. Носењето радост кај овие деца е давање барем малку надеж дека не се сами, не се заборавени од општеството. Нивните насмевки се најголемата награда што човек може да ја добие за возврат. Им благодарам на армијата добри луѓе кои се секогаш тука, мој ветер во грб, кои веруваат во тоа што го работам и без кои не би можел ништо да направам. Колку и да сме станале лоши како луѓе, преку оваа работа, секоја година откривам нови луѓе кои се приклучуваат во акциите кои ги организирам, кои делат добрина и надеж. Емпатијата и алтруизмот е она што во ова лошо време најмногу ни треба – вели Михајловски.
Донираните производи се поделени во регуоното на Свети Николе и цела Македонија.
– ООУ„Свети Кирил и Методиј“ – Свети Николе – 38 пакетчиња.
– ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе – 50 пакетчиња.
– ООУ „Даме Груев“ – Ерџелија – 50 пакетчиња.
– Подрачно училиште во с. Кадрифаково – 5 пакетчиња.
– Подрачно училиште во с. Долно Ѓуѓанци – 4 пакетчиња.
– Дневен центар – Свети Николе – 10 пакетчиња.
– ООУ „Васил Главинов“ објект 2 – Велес – 6 пакетчиња и новогодишни честитки.
– СУМНАЛ Здружение за развој на ромската заедница, Битола – 30 пакетчиња и 30 новогодишни честитки.
– 20 кутии кондиторски производи од „Лион Свети Николе“ за 45 дечиња во СОС „Детско село“ – Скопје.
– ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино – 15 пакетчиња.
– ООУ„Братство“ – Охрид – 50 пакетчиња.
– Центар за рана интервенција и терапија на деца со нарушување од аутистичен спектар „Во мојот свет“ – Скопје – 70 пакетчиња и 45 новогодишни честитки.
– Поделени се 10 новогодишни пакетчиња на семејства во градот кои имаат член со посебни потреби.
– 3 новогодишни пакетчиња на семејство од социјален ризик во Куманово.
– Поделени се 5 новогодишни пакетчиња, 5 торби со новогодишни подароци и рачно изработени честитки од учениците од одделението на Михајловски на 5 пензионерски сместени во пензионерскиот дом во Свети Николе.
– 66 новогодишни пакетчиња се поделени во храмот „Света Лидија Македонска“ – Свети Николе кои имаат програма за помош на семејства од социјален ризик.
(В.И.И.)





