Наставник од Прилеп држи бесплатни подготовки за 6. одделение за општинскиот натпревар по математика

Бесплатни онлајн-подготовки за претстојниот општински напревар по математика за 6. одделение организира наставникот по математика Игор Богданоски од основното училичте „Блаже Конески“ во Прилеп. Првиот час се одржа синоќа. Нешто пред почетиокот Богданоски објави на социјалните мрежи повик до колегите, родителите и учениците.

– Со моите ученици почнувам онлајн-подготовка за општинските натпревари по математика за 6. одделение. Сеедно дали ќе работам со 15 или со 350 ученици. Решив овие средби да ги отворам и да се бесплатни за сите ученици од државата кои оваа година учат во 6. одделение – вели Богданоски.

Часовите траат по 60 минути и се организираат на Microsoft Teams. Да учествувате на нив потребна е единствено каква било електронска адреса. За новите термини следете го Фејсбук профилот на Богданоски.

До 28 јануари трае пријавувањето за општинскитe натпревари по математика за основно и средно образование, соопшти Сојузот на математичарите на Македонија. Според здружението кое е акдредитиран организатор на натпреварите, пријавувањето на основците и средношколците го вршат училиштата, преку назначен наставник-координатор од училиштето.

Сподели