Настапи на Марко Рикалоски, Филип Митров и Tears In Rain на „Десонанз фестивал“

Преку јутјуб-каналот на „Десонанз фестивал“ денеска премиерно ќе бидат емитувани авторските настапи на Марко Рикалоски, Филип Митров и Tears In Rain. Месецов се навршуваат 13 години од постоењето на фестивалот, еден од најпроминентните културни настани во Македонија.

Заради пандемиските услови, фестивалот лани не се одржа, а годинашното 12. издание ќе се одржи виртуелно. Фокусот ќе биде насочен кон локалната современа електронска музика.

„Десонанз фестивал“ се организира со финансиска поддршка на Делегацијата на Европската Унија во земјата и Europe House Скопје. Институционален партнер на фестивалот е Кинотеката, а соработници на фестивалот се: СОКОМ, Алшар Студио, Persona Film Production, Petar John, Fotoroot Photography, Amok Radio, Oubli, Babylon.

Сподели