Младите таленти од актерското студио „Прва проба“ утре ќе покажат што знаат на колажниот испит што ќе се одржи во 12.30 часот на сцената на скопската Железничка станица. Тие обработуваа материјал во прва година: говор, правоговор, техника на глас и на дишење, дејство без текст, брзозборки, импровизации, рецитирање поезија со актерска задача.
Ментори се Маја Љутков и Ана Јовановска. Играат: Калина Ѓеорѓијевска, Катја Бешлиева, Бистра Стефановска, Софија Јанчоска, Евгенија Ристовска, Јана Нешевска, Лука Томов, Еран Аџија, Ема Ѓуреска, Галена Љутков и Сирма Љутков.
Билетите се продаваат по 200 денари, а резервацијата е на: [email protected] или на телефонските бореви: 070/991-961 и 076/457-086. Повеќе информации на линкот.