Настап на диџеј Тевидма на јутјуб-каналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци

На јутјуб-каналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци, вечерва во 21 часот ќе се прикажува настапот на диџеј Тевидма, заедно со шестмина виџеи. Настанот е во соработка со Bed Time Story.

Тевидма е артист кој ги искажува хипнотичките и длабоките шумските звуци во Берлинското техно. Тој се стреми кон совршен баланс на безвременската музика исполнета со дистописки баслини, енергични средни тонови и интензивни мелодии во високите тонови.

Метхамил активно и официјално пушта музика веќе 3 години, каде првиот значителен настан е во родниот град Кавадарци, па потоа следи неочекуван полет каде за краток временски период посетува повеќе фестивали како Nox Festival во Хрватска, Тиквешки гроздобер, Wake Up Festival, Frozen Festival, Bye Bye Summer Festival. Сетови исполнети со експолозивност, динамика и фино селектиран звук надополнет со суптилни менувања на темпо и голема диверзија на музика низ годините.

Со ентузијастична природа се движи низ светот на звуците како свеж продуцент со веќе издадени траки. Каде афинитетите кон вон-индустрииска поставка и уникатност на звукот се првата мисла водилка, подкрепена со техничка спремност и прецизност.

За визуелните ефекти на настанот се задолжени: Марија Дичова Наумоска, Лина Дамјан, Томи Соколов, Габриела Дамјановска, Ема Велковска и Лорета Стефановска.

Настанот е дел од проектот „Модели на јавно-цивилни партнерства: Нов бран на културни политики за ко-управување со заедничките добра“ финансиран од Министерството за култура.

Сподели