Наши актерки ќе учествуваат на креативна резиденција во Романија

Актерките Филарета Атанасова, Наташа Петровиќ и Симона Спировска и Иванка Апостолова Баскар, визуелен драматург во втората половина на септември ќе бидат дел од меѓународната театарска резиденција (Crossroads and Borders/Проект: Е.Т.Е.Р.И.А.) во Констанца, Романија.

На театарската резиденција уметниците ќе создаваат во рамките на Inter-community Labs и ќе ги претставуваат своите уметнички резултати. Филарета Атанасова Filareta е театарска и филмска актерка и доаѓа од независниот сектор. Наташа Петровиќ е театарска и филмска актерка, дел од ансамблот на Театарот за деца и млади, како и Симона Спировска. Апостолова Баскар е визуелен драматург, креативен продуцент/режисер на видеотеатарски проекти.

Во рамките на резиденцијата ќе бидат прикажани и материјалите од новиот видеотеатарски проект на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА – А-Ц-И-Н-С-Е-Л-А-К (видео монодрама – женска верзија – улога: Филарета Атанасова)  и KRIEG (видеомонодрама – машка верзија – улоги: Здравко Стојмиров).
Координатори и партнери на проектот Е.Т.Е.Р.И.А се театарски центри и институти од Италија, Грција, Романија. Проектот е поддржан од „Креативна Европа“.

Сподели