Краткиот игран филм „Налепница“ во режија на Георги М.Унковски ја освои наградата за најдобар краток филм на Филмскиот фестивал во Аванка, Португалија. Ова е уште едно од многуте меѓународни признанија што „Налепница“ ги освои во изминатите две години. Актерот Сашко Коцев, пак, ја освои наградата за најдобар актер во краток филм.

На Галичник филм фестивал, што заврши пред некој ден, „Налепница“ беше прогласен за најдобар филм, а Коцев ја освои наградата за најдобар актер.

Коцев досега има освоено награди на фестивали во Бејрут, Апулја (Италија), Берлин, Германија и други.

„Налепница“ имаше светска премиера во јануари 2020 година на Фестивалот „Санденс“, најголемиот фестивал за независен филм во САД.

Се работи за црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола тргнува на пат и запаѓа во серија на проблеми.

Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации во Скопје. Во филмот настапуваат и: Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски. Директор на фотографија е Наум Доксевски,  сценографијата ја изработи Кирил Спасевски, костимите Розa Трајческа а маската и шминката за гланиот лик Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.