Најпознатата божиќна песна „Тивка ноќ“ се пее на повеќе од 300 јазици

УНЕСКО ја смести „Тивка ноќ“ на Репрезентативната листа на културно наследство од Австрија во 2011 година

„Тивка ноќ“ е најпопуларната божиќна песна во светот испеана на 330 јазици. Познатата божиќна песна прв пат јавно е испеана на 24 декември 1818 година во Австрија. Во 2011 година УНЕСКО ја смести на листата на репрезентативно културно наследство.

Текстот го напишал свештеникот Јозеф Мор (1792-1848) во Маријапфар. Две години подоцна Мор бил префрлен во друга парохија, во Оберндорф, каде што го замолил локалниот учител Ксавер Грубер (1787–1863) да компонира музика за неговата поема.

Од тогаш таа е една од најпеаните песни од страна на христијаните ширум светот.

Текстот на песната е преведен на речиси 300 јазици и дијалекти, што покажува дека песната секаде ја прифаќаат како своја. Австријците се без дилеми горди дека меѓународниот хит е напишан во нивната татковина, иако Салцбург каде што настанала песната, во тој период од историјата бил час дел од Австрија, час од Кралството Баварија.

Црквата во Оберндорф, селото каде прв пат била испеана „Тивка ноќ”, било уништено во 1906 година. Истоимена капела била изградена во 1906 година на поранешната локација на црквата. Музеј бил основан во рамките на црквата. Таму е претставена приказната на божиќната песна, но и културата низ историјата и тешките услови во кои живееле луѓето во тоа време.

Песната извесно време била изведувана само во населбата, но наскоро станала многу популарна. Таа била вклучена во репертоарот на патувачките музичари кои крстосувале низ Европа, за да заработат пари за во зима. Овие музичари ја претставиле песната пред кралскиот двор во Лондон во 1827 година, а потоа во Москва во 1831 година и во Њујорк во 1839 година.

Јозеф Мор почина во 1848 година, без да знае дека песната „Тивка ноќ, света ноќ“ стана толку популарна.

Што се однесува до Франц Грубер, тој разбрал за тоа во 1854 година, кога песната му била припишана на Михаел Хајдн (1737 – 1806 ), братот на Јозеф.

Сподели