„Најдоброто од Копров“ – концерт на „Скопско лето“

Концертот „Најдоброто од Копров“ на Ана Петановска е закажан за утревечер во 20.30 часот во Националната опера и балет во Скопје. Концертот е во рамките на манифестацијата „Скопско лето“.

Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се Лиду ду, Остани во мене, Не зори зоро, Не допирај ме, Твоите бакнежи на моите бели кошули, Анушка и многу други. Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Петановска со гостите:  Владо Јаневски, единствената Наде Талевска и топлиот вокал на Горан Наумовски, а во придружба на камерен оркестар.

Сподели