НАЈЧИТАНИ ВО 2022: На „Св. Апостол Павле“ во Охрид од пет факултети, дури три ги водат деканки

Ви претставуваме дел од текстовите кои превлекоа најголемо внимание во изминатата година

11 февруари е Интернационален ден на жените и девојчињата во науката. Колку да изгледа неверојатно, но Македонија е една од земјите лидери по застапеноста на жените во науката. Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид е еден од позитивните примери каде застапеноста на мажите и жените е речиси идентична по прашањето на родовата рамноправност. Поразговаравме со неколку професорки, асистентки кои ни го споделија нивното искуство.

Проф. д-р Елена Хаџиева, доктор на математички науки

– Можеби математиката е една од ретките професии, каде што мнозинството од запишаните и дипломираните студенти се жени. Ако се погледне листата на алумни на Институтот за математика, каде што дипломирав, дури 88 од наведените 108 дипломирани се жени, што е 81,5 отсто од вкупниот број дипломирани. Отприлика тој сооднос е запазен помеѓу вработениот наставно-научен кадар на универзитетите низ Македонија. Се сеќавам кога бев вработена на Факултетот за електротехника и информациски технологии, чувствувавме недостиг на вработени мажи математичари кои би можеле да ги носат по скалите и ходниците испитните тетратки (кои понекогаш ги носевме по 100-150 и навистина беа тешки).

Прочитајте го целиот текст на следниот линк

Сподели