„Археолозите открија кое животно било најдобар пријател на човекот пред кучето“ е еден од десеттне најчитани телстови на Умно.мк во изминатиата година. Изумрен вид лисица во Аргентина веројатно многу одамна ја имала оваа улога делејќи „цврста врска“ со луѓето, велат податоците од истражувањето, пренесува британскиот „Индепендент“.
Анализата на 1.500 години стари скелетни остатоци во гробница во јужноамериканската област Патагонија укажува дека Dusickion avus познат и како волк од Фолкландските Острови бил верен придружник на ловците-собирачи кои живееле пред десетина илјади години.
Во гробницата коските на лисицата припаѓаат на едно животно, додека човечките останки се од 21 различна личност. За истражувачите ова е „многу ретко и необично откритие“. Разултатите од истражувањето се објавени во списанието Royal Society Open Science и претставуваат „уникатен случај“ на партнерство помеѓу човек и дива јужноамериканска лисица. Со оглед на тоа што на коските нема траги од сечење, неолитските луѓе од овие простори не ја ловеле лисицата за храна, велат научниците.
Линк до целиот текст.





