„Реакција на непочитувањето на условите и кретиериумите за предавачи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје“ е насловен документот кој во октомври 2020 година го испратил Природно-математичкиот факултет од Скопје до Министерството за образование и наука. Реакцијата е потпишана од тогашниот декан на факултетот, раководителите на институтите за математика и за физика и од претседателите на Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ). Тие во три точки ги наведуваат неправилностите: дека не бил објавен јавен оглас за предавачи, дека е ускратено правото на наставниците избрани во научно-наставни звања на соодветните високообразовни инститиции да учествуваат на огласот и дека некои од избрните предавачи во 2020 година немаат ниту завршено студии од соодветната област во согласност со Законот за МИГ. Ова е еден од најчитаните текстови на Умно.мк во 2023 година. Целиот текст на линкот.





