НАЈЧИТАНИ ВО 2023: Археолошкиот локалитет стар 6.000 години стана место за фотоволтаици

Текстот за приватна фирма која лани напролет поставуваше фотоволтаици на археолошкиот локалитет „Св. Атанасиј“ кај кочанското село Спанчево беше еден од најчитаните текстови во 2023 година. Археолозите што го истражувале енеолитскиот локалитет од 4.000 година пред новата ера тврдат дека тој не е сосема истражен и му се нарушува интегритетот. Од надлежниот Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Штип објаснуваат дека инвеститорот ги има сите дозволи и дека засега немаат основа да ги прекинат градежните активности.

Во редакцијата на Умно.мк пристигнаа фотографии од расфрлана керамика, разорано земјиште на локалитетот во Општина Чешиново-Облешево каде археолози од Скопје и од Кочани во неколку наврати вршеа археолошки истражувања на светилиштето близу околната црква. Една од раководителките на ископувањето, Ирена Колиштркоска-Настева, кустос-советник во Археолошкиот музеј во Скопје од неодамна во пензија вели дека доволно е да се погледнат музејските витрини за да се сфати колку е важен овој локалитет.

Целиот тект на линкот.

Сподели