Како еден од ретките независен филмски фестивал, поминавме 10 неверојатно турбулентни години, 10 изданија низ кои ги преживуваме филмските и лични приказни на бројни храбри автори од целиот свет. Се соочивме со обиди за цензура, за замолчување, дури и за стопирање на подемот на овој пркос од фестивал. Беседевме со мајсторите на седмата уметност и создадовме уметнички бури, пренесовме силни манифести за иднината на филмската уметност кои беа соопштувани токму на „Киненова“, рече Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова на денешната прес-конференција на која беше најавено јубилејното 10. издание на фестивалот кое ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври. Фестивалот ќе биде отворен во Македонската опера и балет со еден од најзначајните филмови за овие простори во последните 3 декади, филмот „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“ на младиот хрватски режисер Јуре Павловиќ.
– Се работи за филм, за кој немам никаква дилема дека силно ќе ги разбранува чувствата на сите генерации. Филм во кој учествуваат сите најголеми екс-југословенски кошаркарски легенди, Јуре Здовц, Дино Раџа, Тони Кукоч, Владе Дивац, Зоран Јовановиќ, Жарко Паспаљ и останати. Неколку од овие легенди ќе бидат дел од свеченото отворање и македонската премиера на филмот во Скопје. Дејството на филмот е за време на натпреварите на Европското кошаркарско првенство кое се одржуваше во Италија, буквално во деновите на почетокот на распадот на Југославија – информираше Јовановиќ.
Селекторот на фестивалот Игор Анѓелков ја соопшти програмата на фестивалот која пак ќе се прикажува во Киноверзум во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Покрај филмот на отворање, во главната селекција ќе може да се погледнат филмовите „Беше некогаш во Газа“ на Араб Насер и Тарзан Насер, „Паноптикум“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе, „Помеѓу Боговите“ на Вук Ршумовиќ , „Со малку воздух“ на Андреас Хартман и Арата Мори и „Прасловен“ на Слободан Максимовиќ.
За ова јубилејно издание, фестивалот одлучи да има тројца лауреати со високо светско реноме, од кои еден е наш врвен филмски уметник. Со ова, ние како фестивал сакаме да ја истакнеме вредноста и потенцијалот на македонската кинематографија. Така годинава наградата Златна грива за животно дело ја добива Лив Улман, специјалната награда за особен придонес во филмската уметност ја добиваат Даг Јохан Хагеруд, норвешки сценарист и режисер, годинешен лауреат на „Златна мечка“ во Берлин и Владимир Самоиловски, македонски кинематографер од средната генерација.

За Лив Улман, селекторот Анѓелков рече дека е доволно да се каже дека е муза на големиот Ингмар Бергман, играјќи во десет негови филма.
– Лив Улман, се разбира, е многу повеќе од тоа. Љубовта кон уметноста безброј пати ја докажала и на театарската сцена, но и на режисерското столче во последните три декади од својата богата кариера. Таа сè уште е витална и полна со енергија, и со радост ù ја доделуваме највисоката награда за животно дело, заслужено вбројувајќи ја меѓу великаните кои во изминатите години ја добија нашата фестивалска награда. Таа покажа голема разновидност при изведбата на делата од Вилијам Шекспир, Хенрик Ибзен, Антон Чехов, Џорџ Бернард Шо, Бертолт Брехт, Јуџин О’Нил. Во 2022 година ја доби почесната награда „Оскар“ за „храброста и емоционалната транспарентност кои на публиката ù подарија длабоко трогателни човечки портрети на екранот“ – рече Анѓелков.
Добитникот на специјалната Златна грива за особен придонес во филмската уметност Даг Јохан Хагеруд го претстави Гена Тодосиевска, уметнички директор на Фестивалот. Хагерут годинава ќе присуствува на „Киненова’ и ќе одржи мастерклас.
– Даг Јохан Хагеруд е исклучителен филмски уметник, кој за себе најпрво вели дека е библиотекар, па потоа писател, сценарист, режисер, а во филмската критика опишуван и како истакнат хуманист. Неговите романи, кратките раскази и кратките филмови, навестувале дека на филмската сцена и приоѓа еден умен, образован, но спонтан и принципиелен филмски режисер и сценарист – рече Теодосиевска.
Тој во 2006-та година ја добива Почесната награда на Нордиската Панорама. Во 2020 година за својот втор долгометражен филм „Чувајте се од децата“ (Beware of the Children) награден е со дури девет Аманда статуетки, додека за филмовите од неговата позната Осло трилогија „Секс“ (Sex), „Љубов“ (Love) и „Соништа“ (Dreams) е награден со највисоката награда на Нордискиот филмски совет и со наградата на Здружението на филмската критика на Норвешка. Филмот „Секс“ е селектиран во престижната програма Панорама на Берлинскиот филмски фестивал во 2024 година, истата година вториот филм од трилогијата „Љубов“ е прикажан во главната натпреварувачка програма на 81. Венециска филмска Мостра. Последниот „Соништа“ му ја донесе Златна мечка за најдобар филм на годинешното 75.Берлинале и наградата на Fipresci. Со оваа трилогија Хагеруд ја освои и публиката и критиката.
Теодосиевска го претстави и водеше интересен разговор со Владимир Самоиловски.

– Тој е најдобриот македонски кинематографер од средната генерација кинематографери, филмски автори, со беспрекорна вештина во познавањето на сите процеси на создавањето на еден филм. Неговата визуелна креација и професионална соработка со режисерите и актерите е високо почитувана, како во Македонија така и во регионот, но и пошироко. Неговата страст за професијата и љубопитството му овозможуваат да соработува на филмски продукции на повеќе континенти. Тој соработувал со низа еминентни имиња од режисерската фела, како од Македонија, така и од просторите на поранешна Југославија. Тука би ги споменале: Трајче Попов, Бранко Гапо, Димитрије Османли, Столе Попов, Карпо Година, Владимир Блажевски, Коле Ангеловски, Мето Поповски, Милчо Манчевски но и режисери и сценаристи од помладата генерација као Дарко Митревски, Александар Поповски, Светозар Ристевски, Марија Апчевска, Теона Стругар –Митевска, Вардан Тозија, Арбен Тачи, Кастриот Идризи, Димитар Оровчанец, Лавинија Софрониевска и низа други – рече Теодосиевска.
Самоиловски пред присутните сподели искуства од соработката со многубројните домашни и странски режисери и актери. Тој рече да не се фестивалите, ваквите манифестации со вакви луѓе, луѓето зад камерите ќе останат зад сцената,





