Награден конкурс „Скопје на новата генерација“

„Скопје на новата генерација“ е насловот на наградниот архитектонски конкурс што го организира Europe House по повод 60 години од скопскиот земјотрес. Повикот е наменет за млади архитекти и урбанисти кои треба да оставаат свој белег во архитектурата на главниот град.

– Ова не е само конкурс за разубавување на градот туку и повик преку кој ќе се подобри пристапот кон заборавените места на градот. Целта на конкурсот е да се ревитализираат старите и заборавените простори во Скопје и градот да стане поинклузивен и попристапен за сите – велат организаторите.

На најдобрите предвидени се и парични награди. Најдобриот дизајн ќе добие 1.500 евра, второрангираниот ќе добие 800 евра, а третиот 500 евра. Заинтересираните можат да се пријавуваат до 22 октомври на официјалната интернет-страница на Europe House. Заинтересираните за конкурсот може да поставуваат прашања до 18 септември, а сите одговори јавно ќе бидат објавени на 25 септември. Главниот настан и церемонијата на прогласување на победниците и изложбата на делата ќе се одржи на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје.

Победниците ќе се избираат од група експерти-претставници од реномираните универзитети во Скопје, како што се Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), МИТ Универзитетот, Факултетот за општествени науки (ФОН) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Делата ќе бидат анонимни, а експертите нема да знаат кој е автор на дизајнот, со што секој учесник ќе има иста шанса за победа.

Сподели