Наградата „Златен був“ за филмот „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катамита

„Прозаични стихови“ на иранскире режисери Али Асгари и Алиреза Катами ја доби наградата за „Златниот був“ за најдобар долгометражен филм од Официјалната селекција на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Комисијата ја сочинуваа Славица Србиновска (компаратистка), Иван Миленковиќ (филозоф) и Јане Спасиќ (режисер).

„Смелата одлука сите девет вињети да бидат снимени во еден кадар, во кој камерата е вперена кон ,жртвите’ на системот без воопшто да се појават ликовите на ,опресорите’ кои се претставници на радикалниот иранскиот систем, сублиминално работи на неколку нивоа. Едното е поистоветување на гледачот со жртвите, поради постојаниот фокус на неа“, образложи жирито.

„Златниот був“ за најдобар краткометражен филм му припадне на филмот „Големата експлозија“ на Карлос Сегундо. Специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ за краткометражен филм го доби филмот „Монтанеа“ на француската режисерка Шарлот Луј. Од краткометражни филмови, публиката за најдобар го избра египетскиот „Мојата девојка“ на Кавтар Јунис кој ја добива плакетата „Златен був“ за најдобар краткометржен филм според публиката.

14. Филозофски филмски фестивал се одржа под мотото „Неред меѓу редови“ од 7 до 13 јуни во Кинотеката во Скопје, во организација на Филозофското друштво на Македонија, а во соработка со Кинотеката и Филозофскиот факултет при УКИМ. Фестивалот финансиски беше поддржан од Агенцијата за филм, а со поддршка и од Амбасадата на Кралството Шпанија и од Гете-институтот Скопје. Фестивалот се одржа и со поддршка на Младинскиот културен центар, Универзитетот „Еуропа прима“, Факултетот за драмски уметности, Музејот на современата уметност, „Култура Бета“, издавачката куќа „Аз-Буки“, уметницата Соња Чингарова-Фотева, Хотел Цара, Горска, Камник, Дукат и Мартини, како и медиумските поддржувачи Телевизија 24, Нова Македонија, Слободен печат, Канал 103, Радио МОФ, УМНО и Окно.

Сподели