Награда за Тања Балаќ на 20. Зимски салон на ДЛУМ

Уметницата Тања Балаќ ја доби наградата на Зимскиот салон за нејзиното дело дело/видео насловено како „Следна генерација“. Mногубројна публика присуствуваше во Чифте амам завчеравечер на отворањето на 20. Зимски салон на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на тема „Интимност и Интерконекција“.

На изложбата беа претставени 33 македонски автори со дела во различни медиуми и формати и тројца учесници гости од Украина на покана на кураторката Оксана Карповиц.

На отворањето на изложбата говореа претседателката на ДЛУМ, Јана Манева-Чупоска, претседателката на уметнички совет Маја Рауник Кирков, кураторката Оксана Карповец и историчарката на уметност Викторија Васева Димовска.
Изложбата ќе биде поставена до 10 март.

Сподели