Награда за Синиша Кашавелски во Париз

Ликовниот уметник Синиша Кашавелски доби награда од Летниот салон за ликовни уметности за делото Magna Mater (Genesis 3\13) во Париз. Делото е изработено во техника масло на платно, со димензии 89×116. Ова признание што го доделува жири од Националното здружение за ликовни уметности, ме исполнува со огромна гордост и благодарност, изјави тој. Награденото дело беше изложено во Оранжери ди Сена, во Луксембуршката градина во Париз, на 26 јуни.

Ова е една од неколкуте награди што Кашавелски ги доби само во јуни во последните месеци. Беше награден и од уметничката фондација „Тејлор“ во Париз, а во Сардења, Италија доби исто така специјална награда „за меѓународната димензија постигната во последните години“.

Сподели