На 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција, Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобар интернационален режисер за неговата активна работа во последните години.
„Комитетот на Меѓународните театарски награди смета дека претставите што вие ги имате режирано во Турција, Јужна Кореја, Унгарија, Бугарија, Србија и многу други земји, посебно во Северна Македонија, се многу успешни, затоа одлучивме да ви ја доделиме оваа награда“ – стои во известувањето за наградата.
Ова е второ вакво признание за Пројковски на истиот фестивал, по наградата освоена на 9. издание пред две години, што сведочи за континуитетот на неговата авторска визија, уметничката зрелост и доследниот ангажман во современиот театар.





