Награда за најдобар труд освоија студенти и професори од ФИНКИ

Студентите Дејан Сламков и Венко Стојанов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) под менторство на професорите доц. д-р Бојана Котеска и проф. д-р Анастас Мишев ја освоија наградата најдобар труд на конференцијата Software Quality, Analysis, Monitoring, Improvement, and Applications – SQAMIA 2022 која се одржа во Нови Сад, Србија. Трудот е со наслов A Comparison of Data FAIRness Evaluation Tools.

На конференцијата бил одлично оценет и презентиран уште еден труд со наслов Testing RESTful APIs – Use Case: RESTful API for Solving Multidimensional Time-independent Schrödinger Equation од студентот Давор Димоски.

Трудовите со кои се преставија студентите се изработени како проектни задачи по предметот Софтверски квалитет и тестирање и истите се поддржани од ФИНКИ и Х2020 проектот Ni4os-Europe.

Сподели