Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска ја освои наградата за најдобро уметничко остварување на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, Јапонија. Наградите беа соопштени денес, а ја прими режисерката Стругар-Митевска. Оваа награда доаѓа по последната од пред неколку недели од Филмскиот фестивал во Хаифа, Израел, каде што „Мајка“ доби специјално признание во интернационална конкуренција.

Гран-при на ова издание на фестивалот во Токио освои филмот „Палестина 36“ во режија на Изрелката Енмари Џасир. Филмот се однесува на арапскиот револт од периодот на 1936 до 1939 година против британскиот колонијализам во Палестина. Ја има светската премиера на фестивалот во Торонто.
„Мајка“ претставува интимен портрет на една од највлијателните хуманитарки на 20. век, фокусирајќи се на нејзината внатрешна борба, верба и мисија. Главната улога ја толкува светски познатата актерка Номи Рапас, во друштво на Никола Ристановски и Силвија Фокс. Сценариото е заеднички труд на Теона Стругар Митевска, Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ.
Ова кинематографско остварување е поддржано од бројни европски и светски филмски институции, а продуцент е Лабина Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен Мартан, сценограф е Вук Митевски, а прв асистент на режија Јане Ќортошев.
„Мајка“ ја имаше својата премиера на престижниот Венециски филмски фестивал, каде што го отвори програмскиот сегмент „Хоризонти“, посветен на иновативни филмски дела.





