Награда за колективно уметничко остварување за Кумановскиот театар во Враца

Театар Куманово освои награда за колективно уметничко остварување на 34. Фестивал во Враца, Бугарија. На Фестивалот за малите театарски форми во Враца, театарот од Куманово ја освои наградата за колективно уметничко остварување за претставата „Драма изгубена во времето“, според текст на Сашко Насев, а во режија на Владлен Александров.

Во претставата играат: Кети Дончевска-Илиќ, Горан Илиќ и во улога на гостин во краткиот филм актерката Александра Пешевска. Драматургијата е на Симона Тоскиќ, сценографија Крсто Богојевски и костими Кети Пауновска-Стевковска. Продукцијата на филмот е на Никола Поповски, а визуелизација Емил Пачковски. На Фестивалот имаше 14 претстави кои се играа изминативе седум дена на две сцени во Театарот во Враца.

Фестивалот за малите театарски форми во Враца е најстариот театарски фестивал во Бугарија.

Сподели