Индискиот документарен филм „Наспроти плимата“ (Against The Tide) во кој работеа и македонски филмски професионалци, ја освои Специјалната награда од жирито Vérité, на престижниот Филмски фестивал „Санденс“ во Јута, САД. Наградата ја добија во категоријата Светска документарен филм (World Cinema Documentary).
Монтажата за филмот ја работеа Атанас Георгиев и Благоја Неделковски, а музиката е дело на Игор Василев. Филмот се работеше во изминатите три години.
Двајца другари, и двајцата страстни рибари, се доведени до очај поради морето кое умира. Нивното пријателство почнува да се крши, откако секој од нив избира многу различни начини за да обезбеди опстанок за своите семејства што се борат да преживеат.
Каур се труди да раскажува приказни зад кои лежи анкскиозноста и конфликт под површината на „нормалното“ и „земско“. Таа добила поддршка од Фондот за документарци на „Санденс“ и други фестивали.
За Атанас Георгиев ова не е прва средба со фестивалот „Санденс“. Филмот „Медена земја“, чиј продуцент беше тој, во 2019 година освои три награди – за најдобра кинематографија на документарец, Гран-при од жирито и специјалната награда „Влијание и промена“.