Националниот џез оркестар со концертот Jazz Nova во Штип

Концертот Jazz Nova на Националниот џез оркестар вечерва во 20 часот ќе биде изведен во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. На програмата се композиции за биг бенд од македонски автори од различни генерации.

– Ви ветуваме уште еден незаборавен настан. Овој е прв од низата концерти што ќе ги изведеме во текот на годинава во градовите низ Македонија. Целта ни е да допреме поблиску и до публиката која не е сконцентрирана во главниот град, а е желна да слушне и ужива во квалитетна музика и изведба – велат од Националниот џез оркестар.

Билетите по цена од 300 денари може да се набават на билетарницата на Центарот за култура.

Сподели