Националниот џез оркестар утревечер ќе настапи на еден од најзначајните културни настани во регионот, фестивалот „Сплитско лето. Концертот ќе се одржи на величествениот Перистил во Сплит, во организација на Хрватскиот народен театар. Публиката во Сплит ќе има ретка можност да ужива во уникатна програма што го поврзува современиот џез со традиционалното португалско фадо. НЏО ќе настапи со извонредната вокалистка Мариа Мендеш, под диригентство на маестро Владимир Николов.

Концерт ја отвора новата сезона на интернационални гостувања за Националниот џез оркестар, со кои оркестарот ја зацврстува својата позиција на меѓународната музичка сцена преку иновативен пристап и силна уметничка визија.
Соработката на Оркестарот со Мариа Мендеш започна со незаборавниот концерт во Скопје, во март годинава. Настапот на „Сплитско лето“ носи повеќе од музика. Тој е израз на културна размена, меѓународна поврзаност и внимателно претставување на македонската уметничка сцена пред европската публика.
Насловна фотографија: Од концертот во Скопје / Извор: Национален џез оркестар





