Националната галерија доби нова директорка – Маја Неделковска-Брзанова

Маја Неделковска-Брзанова е нова директорка на Националната галерија. Таа доаѓа на позицијата на Дита Старова Ќерими, која ја водеше националната институција од 2015 година. Таа оствари големи резултати и успеси за Галеријата во изминатите девет години.

-И’ честитам на новоизбраната директорка и ù посакувам многу успех во нејзината работа. Со мојата досегашна заложба на чело на оваа институција, верувам дека успеав да ја оправдам укажаната доверба.  Заедно реализиравме многу дела и проекти за зачувување, негување и унапредување на културата и уметноста, како големо богатство на нашата земја – рече Старова Ќерими.

Сподели