Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е коорганизатор на Меѓународна конференција за високо образование во Мароко

Меѓународната соработка и вмрежувањето се основните столбови на програмата Еразмус. Националната aгенција за европски образовни програми и мобилност за првпат беше ко-организатор на Меѓународна конференција за високо образование организирана на Универзитетот „Мохамед 6“ во Бенгерир, Мароко. На оваа Меѓународна конференција учество земаа над 150 претставници 40 земји од цел свет. Претставници од национални агенции, ректори, проректори, универзитетски професори имаат можност да ги градат капацитетите и знаењата, да споделат добри практики, да се вмрежат, да градат интернационална соработка и интензивно да соработуваат во иднина. Размената на добри практики, искуства и предизвици од сите држави води кон креирање на подобро образование за сите, а со тоа и подобра иднина, велат од Агенцијата.

Македонската делегација покрај Националната агенција е претставена од универзитетите: „Св. Кирил и Методиј” од Скопје, „Св. Климент Охридски” од Битола, Државниот универзитет во Тетово и универзитетот „Мајка Тереза”од Скопје.

Претставниците на Eвропските медитерански земји од MEDNET мрежата – Италија, Грција, Кипар, Шпанија, Малта, Франција, Португалија, Хрватска, Северна Македонија, Турција, Словенија, Србија се вмрежија за првпат со 28 претставници на африкански земји. Ова е прв пат во историјата на програмата „Еразмус плус“ да се коорганизира настан за обука и соработка надвор од границите на програмските европски земји.

Универзитетот UM6P – Mohammed VI Polytechnic University во градот Бенгерир во Мароко е местото каде повеќе од 150 учесници, претставници од национални агенции, ректори, проректори, универзитетски професори од 40 европски и афрички држави ќе
Националната агенција во континуитет покажува дека е посветена европска институција која ги користи сопстврните ресурси во градење на поквалитетно високо образование кое носи подобро општество за сите

Сподели