Во продажниот ликовен салон на Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „На изворот на Климент и Наум“ од колекцијата на историчарот на уметност Климе Коробар. Ќе бидат застапени дела од: Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Благоја Дрнков, Петар Хаџибошков, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Петар Попчев, Владимир Георгиевски, Стефан Хаџиниколов, Доне Миљановски, Ставре Димитров-Стадим, Илија Аџиевски, Димитар Малиданов, Благој Чушков, Ангеле Нацевски, Новица Трајковски, и други.
Повеќе информации на линкот.





