На денешен ден е роден еден од најголемите научници на 20 и 21 век

На денешен ден во 1942 година, во Оксфорд, Англија, е роден еден од најголемите научници на 20 и 21 век, Стивен Хокинг. Иако лекарите не му прогнозирале долг живот, поради тешката болест – лателарна амиотропска склероза, поврзана со амиотрофична латерална склероза (АЛС), која скоро целосно го парализирала, Хокинг живееше 76 години.

Стивен Хокинг: Фото (принтскрин)/ извор Јутјуб

Хокинг е англиски теориски физичар и космолог. 30 години бил професор на математичката катедра на Универзитетот „Кембриџ“. Познат е по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекст на црните дупки. Почина на 14 март 2018 година во Англија.

Повеќе за животот и делото на Хокинг на линкот.

Насловна фотографија: (принтскрин) / извор Јутјуб.