Драмскиот театар од Скопје од вчера започна со читачки проби за новата претстава My name is Goran Stefanovski, чија премиера е закажана за 26 март. Претставата е во режија на Бранислав Миќуновиќ, а драматург е Бранислава Илиќ. Сценограф е Александар Дениќ, костимографка е Розе Трајчевска. Асистент на режијата е Кристијан Атанасов. Автор на музиката ќе биде Влатко Стефановски.

Бранислав Миќуновиќ и Катерина Коцевска

Во претставата ќе играат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ и Дамјан Цветановски.

Драган Спасов-Дац, Влатко Стефановски и Соња Стамболџиоска

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.