Музиката и илустрациите во фокусот на конференцијата „Стратегии во уметноста“

Музиката и илустрациите се во фокусот на денешната дебата во рамките на конференцијата „Стратегии во уметноста“ што ќе се одржи во 20 часот во „Ла кања“ во Скопје. Учествуваат: Вангел Ноневски (Аксиома), Виктор Танасковски (Синестетика), Марко Печеновиќ и Мартин Џорлев (Гола планина), Јоана Ристеска (Канал 103), Никола Николовски и Васил Јорданов (Отров). Следува концерт на „Намуз“ (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски)

Дебатата се организира во рамките на 15. сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд“. Целите на оваа конференција се да се види кој со што придонесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа.

Насловна фотографија: Дело од Младен Туниќ (Архива на фестивалот „Литера“)

Сподели