„Музеј на иднината“ – што можеме да изгубиме засекогаш?

„Музејот на иднината“ е насловот на изложбата поставена во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Поставката е потсетник за тоа што можеме да изгубиме поради климатските промени и деградацијата на животната средина. Изложбата е заеднички проект на Делегацијата на Европската Унија и Europe House Скопје како дел од кампањата за Европскиот зелен договор.

– Изложбата, исто како и самиот Музеј, не ги вклучува само суштествените нешта на планетата, како што се свежата вода, чистиот воздух, пчелите, туку и некои локално ценети работи како што се препознатливиот домат јабучар и балканскиот рис од Северна Македонија – велат организаторите.

Целта на изложбата е да се доближат одредени прашања до јавноста, а со тоа да се подигне свеста за нивното значење. Ќе биде отворена до 7 март, а потоа ќе патува во повеќе градови во земјава.

Сподели