Мурали со ликовите на Блаже Конески и Стале Попов во Прилеп

Мурали со ликовите на Блаже Конески и Стале Попов вчера осамнаа во Прилеп, како дел од проектот „Уличната уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов“. Проектот го реализира филмската продукција „Дрим Фектори“ од Скопје во соработка со здружението Центар за современа ликовна уметност – Прилеп.

Идејното решение и изведбата на муралите се на наште познати академски ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго. Тие ги изработуваа во период од осум дена во Приелп.

Во следната фаза од проектот ке за изработат и кратките документарни филмови за поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов.

Уличната уметност е присутна околу нас, не само заради фактот дека крајниот производ претставува зачудувачка форма на уметнички израз, тоа е патување што се случува на улиците каде создавал уметникот. Уметничките дела што се појавуваат на ѕидовите низ повеќе градови во светот  достигнаа највисок врв на интерес и постигнаа автентичност и обележје на многу градови. Уличната уметност сега живее и во  виртуелните заедници, виртуелните јавни дискурси и неодамна стана предмет на присвојување од популарната култура и главната симболика на современоста.

Едно дело улична уметност може да го трансформира предметот на кој се појавува, но може да ја трансформира и целата локална заедница во која престојува. Уникатен начин да се одбележи и главната цел 30 години независност на нашата држава. Реактуализацијата како процес обезбедува одржливост и континуитет на целокупното културно наследство, доколку се искористат медиуми и техники за модерно прикажување и заживување на лица, дела, настани.

Проектот е поддржан од Владата, преку Јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Македонија.

Сподели