Несреден век“ е насловот на книгата од Тихомир А. Јанчовски која денеска во 12 часот ќе биде промовирана во Кинотека на Македонија. Делото ќе го промовира Тања Аждаја, а песни ќе читаат Оливер Белопета, Добрила Грашеска, Зоран Тортевски, Емилија Пападимитров и Горазд Китановски-Кени.

Потоа ќе настапи групата „Летечки пекинезери“, визуелен перформанс ќе има Страхил М. Петровски, а специјални гости ќе бидат „Мизар“. Најавено е и гостувањето на Мартин Хомза и Оксана Фурс. Промоцијата ќе ја води авторот на книгата, Јанчовски.

За разлика од многу други, пред сѐ поетски дела, кога би тргнала да го дисекцирам значењето на секоја песна од „Несреден век“, секое наредно читање би ѝ додавало нови значења, небришејќи ги претходните. Збогатувајќи го читателот, а некрадејќи од неговото време. Нешто како песните да ме читаат мене, а не јас нив. Такво е и генералното творештво на Тихомир Јанчовски, а во оваа збирка секој од зборовите успева да биде набиен со свој автентичен полнеж – вели Аждаја.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.