Мултимедијална изложба „Форми на системот“ на Иван Аџиевски во КСП Центар Јадро

Во КСП Центар-Јадро во Скопје синоќа беше отворена изложбата на Иван Аџиевски, „Форми на системот“. Станува збор за мултимедијална концептуална изложба во која преку ликовната уметност, инсталациите, скулптурата, како и видеопроекција сеправи обид на пошироката јавност да ѝ се покаже критицизам на реалната состојба на коруптивниот неправичен систем со праќање порака за надминување на таквата состојба. Корупцијата се перципира како најголемо општествено зло и закана за правната држава.

Феноменот на корупцијата се смета не само како морално штетентуку и како причина за нефункционирање на институциите на системот и какосериозен економски и политички проблем (la fraude erigee en systeme). Корупцијата гоеродира владеењето на правото и сериозно ги повредува човековите права бидејќисо неа се врши пренасочување на јавните средства наместо за решавање наосновните потреби на граѓаните, за коруптивни активности и за нелегалнозбогатување на поединци или групи (бизнисмени и други центри на моќ). Борбатапротив корупцијата значи заштита на основните човекови права, гарантирани со Универзалната декларација за човекови права, како што се правото на образование, здравствена заштита, социјална заштита, чиста животна средина, добра инфраструктура, сигурност и сл.

Изложбата „Форми на системот“ овозможува искористување на моќта на уметноста икултурата за охрабрување на граѓанска акција против корупцијата. Таа процесираидеја/провокација кај уметниците, активистите и новинарите креативно да с евклучуваат во антикорупциските прашања, да изградат меѓусекторски релации иподобро да ја разберат улогата на креативната акција и како таа влијае врз перцепцијата на јавноста за корупцијата.

Цел на проектот е поттикнување на јавниот дијалог за надминување на корупцијата инеправичноста на централно и на локално ниво од правниот систем како социјален проблем, како и стимулирање повисока свест кај јавноста за овој проблем како пречка за евроинтеграција.

Уметничките слики претставени на изложбата се изработени во различни формати од алтернативни сликарски материјали на платно. На нив се застапени алуминиумскии бакарни плочи во неправилни форми на кои се принтани цитати /фрази одактуелното позитивно право, а јавноста може да се запознае со примери од судскатаправна практика и судската статистика. На дел од плочите се принтани ифилозофски мисли на филозофи/мислители што имаат цел да потикнат креативен активизам против неправичноста на правниот состем.

Во централниот дел на галеријата е поставена скулптура – стилизирана претстава набожицата на правдата Јустиција изработена од кородиран метал симболизирајки го неправичниот корумпиран судски корозивен систем каде што правдата и правичноста се дефакторизирани и крајно маргинализирани. Сликите и скулптурата се придружени од инсталации – колаж од фотографии од пораки на активисти (CSU) против корупцијата поставени на јавен простор преку кои граѓаните на еденкреативен начин го креваат гласот против овој општествен проблем.

Во видеопроекцијата се прикажуваат фрагменти од уметничките слики и таазавршува со приказ на скулптурата – божицата на правдата Јустиција.

Изложбата „Форми на системот“ е поддржана од Министерството за култура наРепублика Северна Македонија, дел од „Програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година“.

Иван Аџиевски (Скопје, 1985) завршува правен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во 2009 година. Во водите на сликарството влегува во 2018 годинасо реализација на својата прва самостојна изложба „Beauty Spot“ во галерија Концепт37 каде беа изложени дела работени во комбинирана техника акрил на платно со претстава на женски лик и акт во експесионистички и кубистички манир.

На својата втора самостојна изложбa „Beauty Spot II“ во 2022 година во КСПЦентар-Јадро престави 24 слики работени во различни сликарски медиуми иматеријали со делумна апстракција и енформел кои беа продолжување напретходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти кубистички претставени.

На третата самостојна мултимедијална концептуална изложба „Форми на системот“ , авторот се преставува со слики, инсталации, скулптура и видео проекција коиимаат за цел потикнување на јавен диалог и креативен активизам за надминување на корупцијата како економски и политички проблем.

Сподели