МТФ „Војдан Чернодрински“ е од државен интерес: Пендаровски оствари средба со Ана Стојаноска, уметнички директор

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Стојаноска го информираше претседателот за тековните активности во насока на организирање на 58. издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.
Ана Стојаноска
Истакнувајќи дека од минатата година концептот на „Војдан Чернодрински“ е „Враќање дома“, Стојаноска посочи дека целта на најстариот театарски фестивал е симболично да ги врати дома сите театарски уметници, а Прилеп да биде град на театарот.
Говорејќи за дел од предизвиците со кои се соочуваат, Стојаноска подвлече дека на фестивалот во континуитет се изведуваат најдобрите театарски остварувања од македонска театарска продукција и се афирмира македонското драмско творештво.
Потенцирајќи дека одржувањето на фестивалот е од државен интерес, претседателот Пендаровски потенцираше дека е особено важно да се продолжи речиси шестдецениската традиција на МТФ „Војдан Чернодрински“.
Фотографии: Кабинет на Претседателот

Сподели