Музејот на современата уметност во Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност CIMAM која има 35.000 членови – музејски професионалци од светот. ЦИМАМ е дел од Меѓународниот совет на музеи – ICOM (ИKОМ) и во неа членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност.
– Нашата работа беше препознаени од страна на CIMAM која ги застапува интересите на професионалците во музеите на модерната и современата уметност и ги нуди ресурсите и можностите за размена, кои се неопходни за развој на оваа дејност. Ова членство дополнително ја зацврстува позицијата на МСУ помеѓу најреномираните музеи на современа уметност во светот – вели Мира Гаќина, директорка на МСУ.
ЦИМАМ е основана во 1962 година. Членовите еднаш годишно одржуваат конференција на која дебатираат за теоретски, етички и практични прашања за организирање изложби, креирање програми, споделување искуства и посети на најистакнатите уметнички институции на современата уметност во светот. Првата годишна конференција на ЦИМАМ се одржала во 1962 година во Хаг. Оттогаш, се одржани повеќе од 50 конференции во 30 градови низ светот. „Museum Watch“ е програма на оваа мрежа – алатка која ќе им помогне на професионалците да се справат со критични ситуации кои влијаат на способноста на музеите и поединците да ги задржат своите професионални кодекси на практики. Во рамките на својата програма ЦИМАМ обезбедува и грантови за патувања што подразбира поддршка на кураторскиот и истражувачки развој на поединци преку нивното присуство на Годишната конференција. Од 2005 година до денес, ЦИМАМ поддржала повеќе од 300 млади кустоси и директори на музеи, кои имаа присуствувале на годишната конференција.